Саудискиот престолонаследник обвинет дека испратил убијци во Канада

562

Саудискиот престолонаследен принц Мохамед бин Салман е обвинет дека испратил убијци во Канада за да ликвидираат поранешен саудиски разузнавач, пренесува во четвртокот BBC.

Атентатот врз Саад ал-Џабри бил спречен кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во саудикиот конзулат во Истанбул, се наведува во судските документи кои се поднесени во САД.

Џабри, долгогодишен функционер на саудиските власти, побегнал од Саудиска Арабија пред три години. Од тогаш живее во Торонто под приватна заштита.

Обидот за атентат пропаднал откако канадските погранични полицајци разоткриле тим убијци кога се обиделе да влезат во земјата преку меѓународниот ародром во Торонто.

Шеесет и едногодишниот Џабри со години бил клучниот контакт за британската разузнавачка служба MI6 и другите западни шпионски организаии во Саудиска Арабија.

Тужбата, којашто е поднесена во округот на американската престолнина Вашингтон, го товари саудискиот престолонаследник Салман дека сакал да го убие за да го замолчи. Џабри тврди дека причина за тоа е што поседува инкриминирачки информации за принцот.

Според судските документи, станува збор за наводна корупција и контролирање тим лични платени убијци познати како „Одредот тигар“.

Припадници на овој одред учествувале во убиството на новинарот Кашоги кон крајот на декември 2018 година. Според сознанијата на западните разузнавачки служби, новинарот кој го критикувал владењето на принцот Салман и поради тоа живеше во егзил во САД, тој бил убиен при испутување во конзулатот, а потоа неговото тело распарчено и уништено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.