Саутемптон го елиминираше бранителот на тутулата на англискиот ФА Куп

Фудбалерите на Саутемптон се пласираа во осминафинелето на англискиот ФА Куп победувајќи на на својот „Сент Мери“ стадион бранилата на титулата во најстарото фудбалско натпреварување во светот лондонски Арсенал со 1:0.

Победникот го реши погодокот во 23 минута, кога бекот на „Топчиите“, Бразилецоте Габриел невешто интервенираше и ја сврти топката во соспствената мрежа по нафрлувањето на Кајл Вокер-Питерс.

Екипата на Микел Артета не успеа да постигне погодок со кој би ги одржала надежите во одбрана на трофејот, која го освојуваше вкуоно рекордни 14 пати во историјата.

Саутемптон во осминафиналето ќе се соочи со Вулверхемптон.

Во сабота на распоредот сѐ уште седум натпревари од шеснаесетфиналето на ФА Купот, а се среќаваат: Барнли – Норич, Брајтон – Блекпул, Милвол – Бристол Сити, Шефилд Јунајтед – Плимут, Свонси – Нотингем, ВЕст Хем Јунајтед – Донкастер, кои започнаа во 16 часот, а Челтнем игра против Манчестер Сити играат во 18,30 часот.