Саутемптон го урна Сити, Ливерпул рутински со Астион Вила

По демолирањето на новиот шампион Ливепрул во минатото коли, фудбалерите на Манчестер Сити во неделата вечерта во 33-то коло на англиското фудбалско првенство загубија на гости кај Саутемптон со 0:1.

Ова беше прва победа на Саутемптон во последните меѓусебни дуели со манчестерските „Граѓани“. Истовремено ова е тетиот последователен пораз на Сити што им се случува првпат во последните пет години.

Прашањето на победникот го разреши како што се покажа подоцна, Чи Адамс уште во 16 минута, со неговиот прв премиерлигашки погодок во вкупно 25 настапи.

Манчестер Сити останува на 66 бодови, 23 зад првопласираниот Ливепрул, а Саутемптон се одржа на 13-то место со 43 бодови.

Иако не брилјираше, новиот англиски шампион рутински стаса до победата против гостите од Бирмингем кој е во зоната на испаѓање, впишувајќи на 29-та победа сезонава. По првото полувреме во кое имаше само два удара кон противничкиот гол, што е најмалку оваа сезона, во вториот дел Ливерпул го скрши отпорот на гостите со головите на Садио Мане во 71 и Куртус Џонс во 89 минута.

Ливерпул сега има 89 бодови и теоретски до крајот на сезоната може да го мине прагот од 100 бодови, за што му се потребни четири победи од преостанатите пет кола. Астон Вила остана на 27 бодови, моментално на 18-то место.

Иако двапати беа во водство, играчите на Вест Хем не успеаја да пишат гостинска победа кај Њукасл, дуелот заврши без победник 2:2. Водечкиот погодок за гостите го постигна Мајкл Антонио во 4 минута, а Парагваецот Мигел Алмирон во 17 минута израмни. Вест Хем повторно поведе во 65 минута со голот на Чехот Томаш Соучек, но само две минути подоцна израмни Џонџо Шелви.

Њукасл е 12-ти со 43 бодови, додека Вест Хем е 16-ти со 31 бод, три бода над зоната на испаѓање.

Во првиот меч од неделната програма Барнли и Шефилд Јунајтед одиграа 1:1. Барнли поведе со погодокот на Тарковски во 43 минута, а израмни Иген во 89 минута.

Барнли е 9-ти 46 бодови, а Шефилд остана место погоре на табелата со 49 бодови, седум помалку од местата кои водат во квалификациите за европските купови.