Саутемптон и Челзи во четвртфиналето на ФА купот

194

Фудбалерите на Челзи и на Саутемптон се последните кои се пласираа од годинешното издание на најстарото фудбалско натпреварување на светот англискиот ФА куп.

Челзи во натпреварот од осминафиналето на гостувањето го победи Барнли со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Тами Абрахам во 64 минута.

Интересно е што Челзи оваа сезона го елиминираше Барнли од двата англиски купа. Во септеври минатата година Челзи во 3-то коло од Лига купот славеше со 6:0, а вечерва во осминафиналето од ФА Купот со 1:0.

Саутемптон, исто така, пласманот во четвртфиналето го избори со гостинска победа од 2:0 над Вулверхемптон. Стрелци беа Дени Ингс во 49 и Стјуарт Амрстронг во 90 минута.

Претходно пласман во четвртфиналето изборија Манчестер Сити, Евертон, Манчестер Јунајтед, Лестер Сити, Борнмут и Шефилд.

Во четвртфиналето ќе се соочат: Евертон – Манчестер Сити, Лестер Сити – Манчестер Јунајтед, Борнмут – Саутемптон и Челзи – Шефилд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.