Саутемптон испушти водство од 2:0 против Брајтон

Во последниот натпревар од петтото коло од англиското фудбалско првенство Саутемнптон пред своите навивачи испушти водство од два гола разлика против Брајтон кој дојде до бод од пенал во судиското продолжение.

Хохберг со одличен удар од 30-ина метри го доведе Саутемптон во водство во 35 минута. На 2:0 зголеми Ингс реализирајќи удар од белата точка во 65 минута. Но само две минути подоцна Дафои ја намали предноста на домашните, а Мареј ја реализираше најстрогата казна во првата минута од судиското продолжение за конечните 2:2..

Челзи и Ливерпул се на врвот од табелата со максимални 15 бодови, додека бранителот на титулата Манчестер Сити има 13 бодови, а четврти е изненадувањето Вотфорд со 12 бода. Саутемптон со пет бодови е на 13-то место, а Брајтон е веднаш зад него со исто бодовно салдо но со полоша гол-разлика.