Саутгејт: Нема да ја повториме грешката со Исланд

215

Тренерот на Англија, Герет Саутгејт е убеден дека неговиот тим нема да ја потцени селекцијата на Колумбија во осминафиналето на Светското првенство, како што тоа го сторија пред две години против Исланд во истата фаза од шампионатот на Европа.

Се обидуваме да бидеме психолошки подготвени. Играчите мора да бидат мирни, а наша работа е да се погрижиме за тоа. Она што се чувствува е возбуда, но и свест дека е бесмислено да гледаме во ждрепката подалеку од овој натпревар. Тоа е замка во која паднавме на Европското првенство пред две години. Се надевам дека играчите се свесни дека никој не треба да се потцени. Овој тим има сè. Желен е за победа и горд е на дресот што го носи. Денешниот противник е многу силен, па знаеме што треба да правиме, рече Саутгејт.

Натпреварот Англија-Колумбија се игра вечерва во 20 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.