Сава се излеа во Загреб

Реката Сава денеска се излеа во Загреб поради високиот водостој по два дена врнежи, пренесува Индекс.хр.

Силен дожд врнеше во Загреб последните два дена, а силно невреме го зафати градот завчера.

Имено, за време на невремето што вчера попладне ги зафати Загреб и Загребската жупанија, граѓаните се пријавија во Центарот 112 за уништување на дрвја и гранки, оштетување на возила и лимени покриви, но за среќа нема повредени, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита.