Савески реагира за двојни аршини во судството по ослободувањето од обвинение на пратеникот Богоевски

Откако Основното јавно обвинителство се откажа во четвртокот од кривичниот прогон на сегашниот пратеник од владејачката СДСМ, поренешен учесник во ткн Шарената револуција, Павле Богоевски, неговите поранешн „соборци“ од Левица велат дека очекуваат слична постапка и кон нив, а не само кон претставниците на актуелната власт.

Здравко Савески, еден од лидерите на протестите против минатата власт, се согласува дека немало основа за гонење во споменатите предмети, но во контекст на тоа додава дека кривичната постпка против членовите на Левицата се’ уште трае.

„Да се повлече обвинението против Павле Боговски, а да не се повлече против нас, тоа посочува на двојни аршини. За тој што е во власта – еден аршин, а за тој што критикува – друг аршин. Ќе дочекам пресуда за помалку од 10 години или во мојот случај на тој начин ме казнуваат за критиките кон претходната и кон сегашната власт – со влечкање по судови што е можно подолго?“, напиша Савески на социјалните мрежи.

„Правилен и праведен потег на Обвинителството. Моето рочиште е закажано за 25 јануари оваа година. Исто така, закажано е рочиштето и за Здравко Савески. Очекувам сличен третман од Обвинителството“, пишува уше еден член на Левицам,  Мариглен Демири на социјалните мрежи.