21.8 C
Skopje
недела, мај 19, 2024

Савевски го објави списокот ракометарки за мундијалскиот бараж со Украина

Сениорската женска репрезентација на Македонија во рамки на женска ЕХФ неделата која започнува од 3-ти април ќе одигра натпревари против репрезентацијата на Украина во европските квалификации за пласман на Светското првенство

Светската смотра ќе се оддржи во Данска, Норвешка и Шведска во период од 29-ти ноември до 17-ти декември 2023 година.

На овој Мундијал покрај домаќините, учество на првенството обезбедија од Европа репрезентациите на Франција, Црна Гора и Холандија, од Африка репрезентациите на Ангола, Камерун, Конго и Сенегал, од Јужна Амерка репрезентациите на Аргентина, Бразил, Чиле и Парагвај, и од Азија репрезентациите на Кина, Иран, Јапонија, Казахстан и Јужна Кореја.

Сениорките натпреварите ќе ги одиграат на 8-ми април во Скопје, во Спортскиот центар „Борис Трајковски”, и три дена подоцна ќе го играат реваншот во унгарска Кишварда.