Савевски: Романија е фаворит, мораме да ги намалиме грешките

Македонската женска ракометна репрезентација денес против Романија ќе го одигра натпреварот од третото, последно коло во првата фаза од Европското првенство што се одржува во Скопје. По двата убедливи порази во соочувањата со Франција и Холандија, денешниот дуел решава која од овие две селекции ќе се пласира во следната рунда.

„Ова е млада репрезентација без искуство и која немала вакви натпревари. Иако изгубивме десет разлика од Франција мислам дека одигравме подобар меч. Во некои сегменти игравме добро и се држевме колку што можевме добро и ја сум среќен со играта против Франција. Во играта со Холандија, кога ќе имате 28 изгубени топки не можете да очекувате повеќе. Во еден момент игравме добро и се држевме одлично во одбрана. Бевме прочитани во напад и воопшто немаше проток на топка и сепак со лоша игравме успевавме да дојдеме, но грешките не уништија, а со ваков противник веднаш се казнува. На крајот кога се беше решено им дадов шанса на сите играчи да одиграат и да покажат дека се најквалитетните кои ги имаме во овој момент“, рече Савевски.

Са претстојниот дуел, селекторот посочи романската екипа се гради но ја има фавворитската улога.

„Романија е репрезентација која се создава. Не се на рангот на Холандија и Франција, но се големи фаворити во мечот со нас. Играјќи против Романија која е фаворит, единствена шанса ни е да извлечеме поука од грешките. Не смееме да дозволиме противникот брзо да се одлепи, бидејќи вака млада екипа како нашата многу е тешко да се врати по рана негатива”, рече селекторот Љубомир Савевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.