Савиќевиќ погоди тројка за драматична победа на Македонија во Шопрон (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години ја забележа втората победа на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Шопрон.

По Луксембург пред нас падна и селекцијата на Романија и тоа по една вистинска драма во која се играа дополнителни пет минути. Основниот дел заврши без победник 67-67 што значеше дека ќе има продолжение кое донесе неизвесност и истото беше решено со тројката на Савиќевиќ на четири секунди до крајот.

Лука до овој шут имаше нула од шест за три, меѓутоа кога беше најпотребно беше прецизен и донесе славје од 79-78.

Исајловски со 15 поени беше најдобар стрелец, Димитровски и Наумовски дадоа по 13 кошеви.

Следен наш ривал е селекцијата на Швајцарија.