Саво Климовски: Изборот на Џафери не е легитимен и е надвор од Деловникот и уставните одредби

Изборот на Талат Џафери за спикер на Собранието не е легитимен, смета поранешниот претседател на Собранието и универзитетскиот професот по Уставно право и политички систем, Саво Климовски.

Во изјава за Курир, Климовски вели дека изборот на Џафери не е легитимен затоа што е надвор од Деловникот и Уставните одредби.

„Премногу ја тестираа војлата на граѓаните“, ја коментираше Климовски севкупната ситуација од четвртокот.

„Мислам дека и премногу ја тестираа волјата на народот, на граѓаните – премногу ја тестираа. По два месециааутизам и едно слепило и кај меѓународната заедница, не остава никаков простор туку можеби тоа е еден заеднички комплот. Како од еднаш сега се јавија со брз став“, постави прашање апраша Климовски

Додаде дека сево ова што е нелегало е легално за меѓународната заедница, а она што беше легално и што треба да биде легално не го прифаќа, освен министерството за надворешни работи на Руската Федерација.