Савова за Фактор: Стефанова прави претстава во празно

Барам објаснување од денешниот сведок во случајот „Рекет“ обвинителката Лиле Стефанова да каже дали видела мој допис, потпис или прави претстава во празно, вели Наташа Савова за Фактор и вели дека тврдењата на Стефанова се паушални.

Поранешната обвинителка од СЈО Стефанова претходно во понеделникот во судницата реше дека еднаш кога дошол кај неа осомничениот во „Империја“ Орце Камчев донел писмо за кое тврдел дека го напишала Савова.

Савова вели дека станува збор за истата обвинителка која, како што вели, има докажана репутација на отворање и водење монтирани процеси за политички притисок, а во последниов случај, како што вели се гледа и рекет.

„Дали е оваа истата обвинителка за која се поднесени кривични пријави за сомневања за барање поткуп во наведениов случај? Единствено што е сигурно, од денешното појавување на обвинителката е дека најверојатно поради, како што и самата денес изјавува – колегијалност помеѓу фелата треба да е среќна што седи на клупата на сведоци а не на обвинети, вели Савова.

Савова се сомнева дека Лиле Стефанова има некој негативен став кон неа уште поодамна. Стефанова беше обвинителка на случајот Надеж  кој беше поврзан со поранешниот претседател Бранко Црвенковски за тендерот за организирање на Самитот на претседателите од Југоисточна Европа, одржан на 2. и 3. мај 2008 година во Охрид Совет за јавни обвинители го отфрли обвинението за Надеж со 13 гласа против.