Саздов: Зошто СДСМ гласаше против интересите на велешани?

Но, на денешната прес конференција, Петре Саздов, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Велес  истакна дека она што нив ги загрижува и за кое сметаат дека не го одразува таквото конструктивното политичко однесување, е токму дејствувањето на Советничката група на СДСМ на 12-тата седница.

Тој појасни дека на седницата  СДСМ гласаше против сите програми кои беа предложени со цел подобар живот на велешани. СДСМ покажа тотална негрижа за потребите на граѓаните, меѓу кои и оние кои им ја дале поддршката.

„Да потсетиме дека на дневен ред на дванаесеттата седница беа предлог програмите за уредување на градежно земјиште, за изработка на урбанистички планови, за локален економски развој, за развој на информатичката технологија, за заштита на животната средина, за култура, за образование, за социјална заштита, за здравствена заштита, за спорт и млади, за поддрпшка на граѓанскиот сектор, за  заштита и спасување, противпожарна заштита и управување со кризи, како и за промоција и комуникација со јавноста и меѓународна соработка. Со жалење можеме да констатираме дека СДСМ се спротивстави на сите прдлог програми освен онаа за меѓународна соработка“, рече Саздов додавајчи дека  повторно, по којзнае кој пат, од оваа говорница прашува зошто СДСМ гласаше против интересите на велешани, зошто СДСМ се противи на донесувањето на програмите кои на велешани треба да им помогнат и да им го зголемат квалитетот на животот.

Саздов се прашува зошто СДСМ е против изградба на нова индустриска зона во Караслари, против уредување на двата кружни тека во градот, против реконструкција на улциите Белградска, Саревска, 8 март и други, против водснабудвањето на Речани, Езеро Младост, Сливник?

Тој вели дека СДСМ треба да одговори која е причината што не поддржува донесување и измена на 30-тина урбанистички планови кои предвидуваат обејкти за мало-стопанство и објекти за домување?

Зошто СДСМ е против реконструкцијата на градскиот стадион и нови спортски терени, против поддршката на ГРК Борец, против Рацинови средби и Меѓународниот фолклорен фестивал?

Зарем за СДСМ во 2014 година не е потребна реконструкција на училишните објекти, опремување на дневните центри и поддршка на проектот за грижа на стари лица?

„Граѓаните се тие кои Ви ја дадоа довербата и потребно е да ја знаат причината за ваквото однесување каде се противите на сите планирани активности во наредната година, освен оние за меѓународна соработка“, потенцира Саздов, нагласувајќи дека  според него да се биде дел од советот на една општина, значи да се биде креатор на политика за прогрес на општината и за доброто на сите кои живеат во неа. И никако поинаку.

„За разлика од вас, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери ќе продолжи да работи чесно и посветено, исклучиво за потребите и интересите на граѓаните, кои ни ја дадоа довербата!“, рече Саздов кој додаде собирањето политички поени е штетно за граѓаните.

На крај тоj  подвлече дека  е сигурен дека со програмите за работа на Општина Велес во 2014 година и со инвестициите кон граѓаните предвидени во нив, ќе се придонесе во развојот на градот и подобрување на условите за живеење.