СБ: До 2021-та поради Covid-19 уште 150 милиони луѓе ќе бидат екстремно сиромашни

Се очекува дека пандемијата на Covid-19 годинава во сиромаштија ќе турне од 88 до 115 милиони луѓе, пто што вкупната бројка до 2021 година би можело да изнесува 150 милиони, зависни од нивото на падот на економијата, извести во четвртокот Светската банка (СБ).

Банката напоменува дека првпат по повеќе од 20 години очекуива раст на екстремната сиромаштија во светот, бидејќи наруишувањата предизвикани од пандемијата на коронавирусот ги влошува негативните ефекти предизвикани од конфликтите и кломатските промени кои веќе го забавуваат напредокот во намалувањето на сиромаштијата.

Екстремната сиромаштија, дефинирана како живеење со помалку од 1,90 долари на ден, веројатно во 2020 година ќе влијае на меѓу 9,1 и 9,4 отсто од светското население, стои во двегодишниот Извештај за сиромаштијата и заедничкиот просперитет.

„Поради пандемијатра и глобалната рецесија 1,4 отсто од светското население би можело да западне во екстремна сиромаштија. За да се отстрани оваа голема пречка за натамошниот развој и намалувањето на сиромаштијата, земјите ќе ора да се подготват на поинаква економија по пандемијата, и на капиталот, работната сила, ве3штинитеи и иноваациите ќе мора да им овозможи преминување во нови претпријатија и сектори“, вели претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас.

Во извештајот се наведува и дека стапката на сиромаштијата ќе се зголеми во земјите во кои веќе пости голем број сиромашни.

Светската банка, исто така, наведува дека поради комбинацијата на пандемијата на коронавирусот и притисоците предизвикани од воените судири и климатските промени, постигнувањето на целта искоренувањето на сиромаштијата до 2030 година ќе биде недостижна без брзи, значителни и конкретни мерки на јавните политики, како и дека до 2030-та стапката на сиромашија во светот може да изнесува околу 7 отсто. Напредувањето во искористувањењето на сиромаштијата забавил дури и пред пандемијата на Covid-19.

Се очекува ид ека сѐ поголем број житело во градовите ќе бидат погодени од екстремната сиромаштија, што претходно инаку беше вообичаено за руралните области.

Освен нивото на екстремната сиромаштија, којашто ја дефинира како живот со помалку од 1,90 долари на ден, Светската банка го пресметува и нивото од сиромаштија меѓу 3,20 и 5,50 долари за земјите со понизок односно среден приход.

Иако помалку од десетина од светското население живее во екстремна сиромаштија, речиси четвртионата живее под новото од 3,20 долари, додека повеќе од 50 отсто на жителите на планетата, или 3,3 милијарди луѓе, живеат под нивото од 5,50 долари дневно, покажуваат податоците на Светската банка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.