СБ на ОН ја отфрли руско-кинеската резолуција за комисиска истрага за експолозијата на Северен тек

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа не ја прифати руско-кинеската резолуција за формирање комисија која ќе ја истражува диверзијата на гасоводите „Северен тек“.

Резолуцијата беше поддржана од три членки на Советот за безбедност, никој не беше против, а 12 земји беа воздржани, јави Тасс.

За усвојување на резолуцијата беше неопходна поддршка од девет членки на Советот за безбедност.

Во моментов, Шведска, Данска и Германија спроведуваат свои истраги за минирањето и саботажата на двата гасоводи во Северно Море „Северен тек 1 “ и „Северен тек 2“.

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, на седницата на Советот за безбедност изјави дека Москва сериозно се сомнева во транспарентноста на овие истраги.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.