СБ на ОН едногласно го поддржа Договорот помеѓу САД и талибанците

9

Советот за безбедност на Обединети нации синоќа усвои резолуција со која го поддржува Мировниот договор со талибанците, чија цел е воспоставување мир во Авганистан.

СБ едногласно ја изгласа резолуцијата, предложена од САД, во која се „поздравуваат значителните чекори кон завршување на војната и отворање на вратата за преговори во Авганистан“.

Со резолуцијата се повикува авганистанската Влада во разговорите да вклучи „разновиден и инклузивен преговарачки тим составен од авганистанските политичари и претставници на цивилното општество, како и жени“.

Мировниот договор е потпишан помеѓу Вашингтон и талибанците во февруари во Катар. Со Договорот завршува најдолгата војна на САД во историјата.
САД по потпишување на Договорот почна да ги повлекува војниците од Авганистан. Вашингтон планира да ги повлече сите војници од Авганистан во рок од 14 месеци под услов талибанците да ги почитуваат преземените обврски од Договорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.