СБ: Западен Балкан во 2019-та соочен со зголемени ризици за економскиот раст, Македонија со најмал

Регионот на западен Балкан ќе се соочи во периодот до 2021 година со зголемени ризици коишто би можеле да го загрозат растот на бруто домашниот производ (БДП), кој претходно беше проектиран по стапка од 3,7 отсто, гласи најновата процена на Светската банка (СБ – WB).

Во редовната периодична анализа на финансиките и економските трендови во регионот, стои дека шесте држави од западниот Балкан, се изложени на растечките надворешни и внатрешни ризици, вклучително геополитичките и трговските спорови, а дополнителен проблем е спроведувањето на структурните реформи коешто се одвива побавно од очекуваното.

Анализата се однесува на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, а Светската банка претходно ги објави прогнозите според кои БДП-то во споменатите држави во 2019 и 2020 година ќе биде на ниво од 3,7 отсто, односно за 0,1 отсто помалку отколку во текот на минатата 2018 година, но затоа над нивото од 2,6 отсто, колку што регионалниот раст на БДП-то беше претходната 2017 година.

Најголем раст годинава е проекциран за Косово, и тоа на нови од 4,4 отсто, следува Албанија со 3,8 отсто, потоа Србија со 3,5 и БиХ со 3,4 проценти. За Македонија, како и за Црна Гора, предвиден е раст на БДП-то од 2,9 отсто. Сето тоа е приближно на трендовите забележани во 2018 година, со тоа што прогнозите се дека Црна Гора ќе забележи забавување на растот на БДП-то.

„И покрај посилниот раст во 2018-та во регион е отворен помал број нови работни места, што е резултат на ограничената динамика на приватниот сектор“, се наведува во анализата.

Како илустрација за ова тврдење наведен е фактот дека на западен Балкан во 2018-та биле креирани само 96.000 работни места, главно во секторите производство и услуги, додека во 2017 година биле отворени дури 171.000 работни места.

Стапката на невработеноста во регионот е намалена во текот на минатата 2018 година, меѓутоа и натаму е висока, особено за жените и младите, а во некои од земјите во регионот падот на невработеноста е резултат на зголемена неактивноста на работната сила и емиграцијата, а не од новоотворени работни места.

„Оние коишто ги носат политичките одлуку би требало да ги спроведат реформите коишто ќе гарантираат отворања работни места“, вели Линда Ван Гелдер, директорка на Светската банака за западен Балкан, истакнувајќи дека е важно да се создадат претпоставки за експанзија на мали компании, кои и нодонас најголем број нови работни места.

Јавниот долг, исто така, останува проблем на регионот, а Светската банка потсетува дека државите кои спрвеле фискална консолидација бележат пад на јавниот долг. Во повеќето држави јавниот долг и натаму е висок, а во јавната потрошувачка доминираат големите издвојувања за платите во јавниот сектор и недовлно се фокусирани на социјалните програми. Подобрувањето на ефективноста и праведноста на јавната потрошувачка, како и јакнењето на страната на доходите останува приоритет за земјите од западен Балкан, заклучуваат анализите на Светската банка.