СДМС-овците незадоволни што Вардар e на европскиот трон

Секако, ваквата констатација не се однесува на обичните членови и поддржувачи на СДСМ, туку во прв ред за партиското раководство и медиумите платени како проекти на Отвореното општество, кои водеа вистинска хајка против сопственикот на новиот европски ракометен шампион, Сергеј Самсоненко.

 

18928413_10212186705250081_1959630189_n

Ваквата хајка и недокажани напади против рускиот бизнисмен Самсонеко, дури беше повод репортерот на кабелскиот спортски канал Арена, непосредно пред финалниот дуел, да му постави едно помалку спортско прашање алудирајќи токму на притисоците од новата власт во Македонија – дали ќе остане во овој чисто спортски проект.

Тоа е само резултат на хајката против Самсоненко, во обидите да го поврзат со наводните криминални активности на владите на ВМРО-ДПМНЕ.

Така во сега про-владините медиуми, додуша секогаш и исклучиво во прашална форма на наводното „истражувачко“ – или, сепак, поправо кажано клеветничко новинарство, го поврзуваа сопственикот на најупешниот спортски колектив во историјата на Македонија и во ракометна Европа годинава, со некакви фирми на Белизе, алудирајќи на глобалната афера со прикривањето на глобалните текови на парите.

Без никакви докази беше доведуван во поврзаност со поранешната власт, со медими и компании. Се вршеа притисоци и врз политички неопределени новинари да се „ископа“ некаква валканица за Самсоненко.

Така, им пречеше тоа што ја доби спортската сала во Аеродром на 35 години концесија. А токму во светските спортски медиуми се наведува како голем успех неговиот проект Вардар кој за помалку од десет години се исчакува на шампионскиот пиедестал.

Одговорот на прашањето, како тим од Балканот, Вардар, кој доаѓа од држава со население колку што има едно предградие на Париз, чијшто фаворит е совладан од македонскиот првак и постигнува ваков грандиозен успех, во странските медиуми се посочува токму воспоставувањето на клупска инфраструктура каква што ја имаат европските спортски гиганти.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.