СДС да каже кога ќе организира отчет на нивните градоначалници или ќе дезертираат како Ковачевски од војска, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС да каже кога ќе организира отчет на нивните градоначалници или ќе дезертираат како Ковачевски од војска. Повеќе од една година помина од локалните избори, а градоначалниците од СДС се уште немаат направено отчети, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од што бегаат градоначалниците од СДС?

Градоначалниците на Центар, Струмица, Валандово, Пробиштип, нема со што да се пофалат.

За разлика од нив градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат направено проекти во вредност од над 120 милиони евра.

За само една година, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат сработено колку цела влада, која има 10 пати поголеми средства на располагање.

Граѓаните ја гледаат разликата во местата каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, со претходните од СДС, додаваат од партијата.