СДС досега лажеа, сега почнаа да бладаат- чувствуваат дека се ближи крајот на оваа криминална власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

-СДС се партија која лаже и за тоа има судска пресуда. Но позагрижувачки е што СДС почнува да блада. Очајот во СДС достигнал толкав степен што веќе не знаат што зборуваат. Нервозата во СДС расте како што расте антивладиното расположение кај граѓаните. Македонските граѓани забрзано осиромашуваат, нивото на инфлација е далеку повисоко од земјите во регионот и Европа. Ја Уништија економијата и според релевантните меѓународни извештаи имаме најмал раст на БДП, а од нас полоши се само Русија и Украина кои се во војна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително се случува распад на системот во Македонија, а единствено што функционира се организираниот криминал и корупција во највисоките ешалони на власта на Ковачевски. Впрочем, затоа околу 60 % од граѓаните сметаат дека со оваа власт Македонија оди во погрешна насока.

Ковачевски и СДС се претворија во коалициски приврзок на ДУИ во власта и се трудат од петни жили на сила да се одржат уште некој месец плус на власт за да украдат уште некој тендер. Но и самите веќе се свесни дека крајот на владеењето им се ближи. Доаѓа време на промени и доаѓа време за одговорност на криминалите на оваа власт, посочуваат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.