СДС не бараат оставка од Арсовска, заради бизнис интересите на Тачела

Ќе беше природно денеска СДС и Богданка Кузевска да побараат оставка од Данела Арсовска од Град Скопје, но главна причина зошто не бараат оставка е коалицијата Тачела, чијшто главен лепак се криминалните интереси, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако посакуваа решение и надминување на хаосот, блокадите и должничката криза, денеска ќе побараа оставка од Данела Арсовска, владата ќе ги одземеше ингеренциите, го подмиреше долгот кон превозниците и ќе дозволеше да продолжат со нивната работа.

Притоа ќе побараа и ревизија на штетниот договор за набавка на гориво од пратеник на СДС за ЈСП водено од директор од СДС.

Одговорни за хаосот заедно со Данела Арсовска се и “неврзаните” Левица СДС и ДУИ, коишто владеат со Град Скопје и се асови на бугарските бизнис и политички интереси“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.