СДСМ 3 ипол години краде од пензионерите, а сега откако им ги зема парите ќе го враќа стариот моделот кој го укинаа за да крадат

СДСМ 3 ипол години краде од пензионерите, а сега откако им ги зема парите ќе го враќа стариот моделот кој го укинаа за да крадат, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Најавата за некакво покачување на пензиите преку таканаречен Швајцарски модел е лага. Тоа не е никаков Швајцарски модел, туку моделот кој функционираше од 2012 година до 2018 година, кога беше укинат од Зоран Заев и Мила Царовска. До 2018 година пензиите се покачуваа во однос на два параметри, и тоа според трошоците за живот и растот на просечната плата, во 2018 тие ја укинаа можноста за покачување на пензиите според растот на просечната плата, и со тоа директно украдоа пари од над 300.000 пензионери 3 ипол години. Тие пари кои СДСМ 3 ипол години им ги зема на пензионерите нема да им ги врати. Тоа се пари кои наместо за пензии отидоа за матни тендери, тие пари беа испумпани од фирмите блиски до Заеви и Ковачевски, истакнуваат од опозицијат.

СДСМ се што требаше да направи е да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%. Што ќе беше реална помош за пензионерите, додаваат од таму.