5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за лажна вест, но Рама вели поинаку (ВИДЕО)

Претставници на СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ реагирала на лажна веста која дојде од Тирана а според која влез во оваа земја ќе биде обезбедена само за Албанците од Македонија, Црна Гора и Косово.

“Веста дека Албанија од 1 јуни ја отвара границата со Северна Македонија само за Алабанците од нашата земја е ЛАЖНА.
Границата ќе се отвори за сите граѓани од нашата земја!
П.С ВМРО како по обичај се истрчува со реакција на fake news…”, пишува потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.

Сепак видеото кое го објави ТВ Сител потврдува дека Рама зборува само за Албанците со пасоши на трите соседни земји.

Според видеото изјавата на Зекири дека веста која ја коментира ВМРО-ДПМНЕ е всушност лажна вест.