СДСМ ја отфрли предлог-информацијата за енормното загадување поднесена од ВМРО-ДПМНЕ

Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ сакаме да предложиме информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух во Република Македонија и тоа како втора точка на денешната седница, првата нека биде како што е усогласено а тоа е Предлог декларација за политичко учество на граѓаните со попреченост, вели Драган Данев пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Данев додаде дека актуелната влада на СДСМ како и функционерите од власта ветувале чист воздух веднаш откако ќе дојдат на власт, но три години поминале а не наравиле ништо за обезбедување на чист воздух. Тој побара да се тргнат политичките дресови и да го прифатат предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ова е прашање кое што ги засега сите граѓани на Република Македонија. Јас ве замолувам почитувани колеги од владејачкото мнозинство излезете во пресрет и поддржете ја нашата идеја како опозиција, затоа што ако некој има најголема политичка корист од ова сте токму вие.

Вие шетавте со маски против загадувањето во Градот Скопје, вие ги манипулиравте граѓаните на Република Македонија дека ако ВМРО-ДПМНЕ не е утре на власт, тогаш одма задутре во Скопје и другите градови на Република Македонија ќе дишат чист воздух. Ве замолувам да ги соблечеме партиските дресови затоа што ова не е прашање од политички карактер, ниту пак е прашање од партиски карактер, ова е прашање од егзистиционално ниво на сите граѓани на Република Македонија.

Здравјето на граѓаните е во прашање, здравјето на нашите деца е во прашање, посочи Данев. Пратеникот Данев нагласи дека е потребно да се донесат соодветни и реални заклучоци кои што ќе го решат проблемот за загадениот воздух, потенцирајќи дека владата и пратеничкото мнозинство пред техничката влада штанцаат над 200 закони а немаат слух за суштинските проблеми на граѓаните. Ве замолувам да донесеме соодветни заклучоци, реални заклучоци бидејќи три години поминаа а граѓаните не веруваат дека вие сте тие што ќе почнат да го решаваат загадувањето во Градот Скопје и во другите градови на Република Македонија.

180 милиони евра имате земено овие три години во функција на подобрување на животната средина, со манипулација на прочистување на загадениот воздух во градовите на нашата држава. Од тие 180 милиони евра потрошивте само 10проценти, 18 милиони каде се другите пари почитувани колеги?, праша Данев. 200 закони да се носат на 10 дена пред минување на мандатот на една политичка влада и доаѓање на техничка влада, мислам дека е крајно непочитување на интелигенцијата на граѓаните,рече Данев.

За жал од страна на пратеничкото мнозинство на СДСМ не беше изгласана оваа предлог информација на ВМРО-ДПМНЕ, при што координаторот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека е срамно што од страна на парламентарното мнозинство не е прифатен предлогот, укажувајќи дека граѓаните ги препознале лажната загрижност од страна на СДСМ за решавање на ајрозагадувањето кое што го ветуваа во 2017 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.