СДСМ: Ако има неправилности се преземаат мерки

Времето на злоупотреби заврши, нема повеќе МВРО-ВМРО, нема повеќе бегање од одговорност, ако се утврдат неправилности се преземаат мерки, во понеделникот владејачката СДСМ, во врска со случајот на престојот на службениот полициски џип во камп во соседна Грција.

„Граѓаните знаат какви се злоупотреби се правеа на сите нивоа во државните институции, вклучително и во МВР, за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, тврдат социјадлеморкатите.

Од СДСМ наведуваат дека станува збор за „прикривањето и заштитата на криминалот на фамилијата, незаконското прислушување, злоупотребите и партизацијата на полицијата, па се до претворањето на
министерството во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите“.

„Времето на злоупотреби заврши тоа треба да им биде јасно на сите. Нема повеќе МВРО-ВМРО, нема повеќе сокривање или бегање од одговорност. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за споменатиот случај извршени се соодветни проверки а во тек е и дополнително утврдување на сите факти. Доколку се утврдат неправилности ќе бидат преземени соодветни мерки. Тоа е разликата со која не може да се помири ВМРО-ДПМНЕ ниту пак може да ја разбере“, се заклучува во соопштението.