СДСМ бегаат од носење на законот за Јавно обвинителство

Во вечерашната емисија на Канал 5 „Само Вистина“ гостуваше генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев. Тој кажа дека СДСМ бегаат од носење на законот за Јавно обвинителство. Генералниот секретар Јанушев потенцираше дека власта има еден крајно несериозен пристап во поглед на преговорите за носењето на битни одлуки за кои е потребен консензус каде не се почитуваа договореното односно се отстапува од истото.

Сѐ она што се договараше во минатото беше како и секогаш како и ова со изборниот законик ќе седнеме ќе се договориме ќе прифатат ќе кажат дека е тоа ,тоа и на крај ќе дојдат следниот ден или по неколку дена, една недела преговори ќе кажат дека истото не важи дека мораат да ретерираат со крајно еден несериозен пристап кон истото. Видете нашиот став во однос на тоа е познат и принципиелен, значи ние не бараме топла вода. Таму ние бараме да се применуваат европските и светските пракси, Европската конвенција за заштита на човековите права се што е поврзано со тоа , Меѓународниот суд и слично, рече Јанушев.

Јанушев потенцираше дека СДСМ не прифаќале да биде јавниот обвинител по предлог на опозицијата, и за да се донесе законот дополнително ВМРО ДПМНЕ предложило да биде со одложно дејство и да стапи по една година во сила кога СДСМ ќе има можност да го предложи истиот но и тоа не било прифатено од страна на СДСМ.

Они беа тие кои што не прифаќаа да биде по предлог на опозиција јавниот обвинител и они бегаа од тоа не ние. Ние им го предлагавме рекоа не може, на крај им предложивме ок ,еве нека биде со одложно дејство односно по една година да стапи во сила кога вие ќе бидете опозиција вие предложете го и тоа не го сакаа. Тоа беше една ситуација која што они пред јавноста сакаат демек да го донесат законот а всушност во пракса бегаат од носење на законот, појасни Јанушев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.