СДСМ денес меѓу тројца кандидати бира наследник на Заев

Денеска во СДСМ се одржуваат вонредни внатрепартиски избори за наследник на Зоран Заев.

Членовите на партијата имаат можност да бираат нов лидер на СДСМ од тројцата пријавени кандидати – Димитар Ковачевски, Јован Деспотовски и Фросина Ременски.

Според информации од партијата, гласањето ќе се одвива на 194 избирачки места низ општинските организации ширум државата, почнувајќи од 08:00 часот наутро, се до 19:00 часот попладне.

Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседатал на СДСМ кои се наоѓаат на гласачкото ливче, согласно жрепка за утврден редослед.