СДСМ добива сипаници по секој реализиран проект од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ добива сипаници секогаш кога ќе биде реализиран проект од програмата на ВМРО ДПМНЕ во полза на граѓаните. Секогаш кога граѓаните добиваат нешто СДСМ  се соочува со сопствената непсособност и немоќ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ дека ветувањата на власта за инвестициите во железнцата се лага.

После втората светска војна единствени два инфраструктурни зафати кои се направени во железничкиот сообраќај се изградена пруга во 1963-та година и столбовите од ветената и никогаш реализирана пруга кон Бугарија која на неколку пати ја најавуваше менторот на денешните раководители на СДСМ, Бранко Црвенковски.

После децении во кои железницата не беше допрена, конечно владата на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да направи долгорочен план за инвестиции во обновување на инфраструктурата и превозните средства од железничкиот сообраќај. СДСМ гледа дека проектите се реализираат и тоа им пречи. СДСМ не може да се помири со развојот на Македонија.

СДСМ гледа дека после децении на статус-кво, владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во нови студентски домови и ги реконструира старите, во кои СДСМ не закова ниту една шајка кога имаше можност за тоа.

Затоа СДСМ одлучи да се посвети на легендите кои велат дека ако докажани неработници како нив сто пати напишат навредливо соопштение, граѓаните ќе им поверуваат на празните зборови, а не на реализираните проекти и беспоштедното работење на владата на ВМРО-ДПМНЕ за инвестиции во сферите кои за СДСМ не беа интересни за време на нивното владеење туку се интересни само во предизборието кога со лаги и манипулации се обидуваат да ја покријат сопствената безидејност и неспособност, се посочува со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Притоа се наведува дека казната за манипулацијата на СДСМ е неизбежна и тоа ќе се види на денот на изборите, на 24 април.