СДСМ е дувлото на лажни вести, демант за Данела Арсовска стигна и од Бугарија

На кандидатот за градоначалник на Скопје Данела Арсовска не и е издадена бугарска лична карата, тврди 24 часа.бг.

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска (или како што напишале Данила Арсовска-н.з.), поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, имала бугарско државјанство, соопшти пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска. Така за два дена се разви скандал со бугарски призвук. Беа покажани фотокопиите од личната карта, но таму името е напишано Даниела – со разлика од една буква, пишува бугарскиот 24 часа.

Според фотокопијата од личниот документ, тој е издаден во 2017 година со посочена адреса во Петрич и е важечки до 2027-ма.

Репортерот на „24 часа“ направил истражување во веб-сајтот на МВР за бугарски документи за идентитет.

„Посочениот број на личната карта и датата на раѓање се покажа дека: „Документот: (6469489279) на лице со дата на раѓање (20.12.1979 година) не фугирира во списокот на валдините бугарски лични документи“.

Понатаму „24 часа“ наведува дека Арсовска во недела излегува на мегдан  со Петре Шилегов од СДСМ.

Премиерот Заев настојува Аросвска да се откаже од изборното соочување.

Таа одоговори на обвинувањата на владејачката СДСМ за притисокот дека има бугарски пасош.

„Разочарана сум. Како не им е срам? Жално е што го направија тоа два дена пред крајот на кампањата. Не се откажувам, тој нека си ја подготви оставката во понеделник“, рече Арсовска, посочувајќи го Зоран Заев кој рече дека ако загубат во Скопје ќе си поднесе оставка.