12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

СДСМ ги одби мерките што живот ќе значеа за граѓаните и стопанството во Прилеп

Владеачкото мнозинство на СДСМ во Прилеп на денешната седница на Совет одби на дневен ред да се најдат мерките кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ.

Еве што предложија од ВМРО-ДПМНЕ

-Намалување на данокот на имот за 2020г за 50% и данокот за наследство и подарок
-Целосно ослободување од плаќање на фирмарина за 2019г и 2020г
-Целосно ослободување од надомест за користење на јавен простор пред деловните објекти(вклучително и летни тераси) до крајот на 2020г
-Намалување на сметките за вода и комунални услуги за 50% за најпогодените физички и правни лица од мерките против корона ворусот во следните 6 месеци.

-Наместо тоа и за време на пандемија СДСМ Прилеп преку јавните претпријатија склучува договори за вработување. ЈКП Водовод и канализација склучило договор за времени вработувања во вредност од 17.700.000 денари, или 287.805 евра. Исто така, наместо да се размислува за помош на граѓаните, власта на СДСМ во Прилеп си ги тера своите тендери и постапки, а таков пример е и изградбата на мовчето во населбата Сточен пазар чија првична вредност беше 500.000 евра. Цели 10 месеци таму не се работи ништо, но сега во време на пандемија и вонредна состојба, општината склучи анекс договор во вредност од 230.000 евра, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.