СДСМ: Го поправаме она што ВМРО-ДПМНЕ го уништи

Скојдневно се преземаат мерки за решавање на наследениот проблем со загадениот воздух, што беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ, одговори СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека власт не презема ништо против загадувањето.

– Катастрофата наследена од криминалната ВМРО-ДПМНЕ, партијата која го игнорираше проблемот и уништуваше сѐ што е здраво и зелено, денес се решава со бројни активности и мерки на централно и локално ниво, со цел да се обезбеди почист воздух за сите граѓани- велат од СДСМ.

Оттаму наведуваат 20 мерки кои се преземени за намалување на загадувањето:

  1. Во повеќето општини, како и во Град Скопје се расчистуваат диви депонии.
  2. Гасификацијата е во тек – во Буџетот за 2018 година одвоени се 40 милиони евра за изградба на гасоводниот систем во Македонија.
  3. Усвоен е План за чист воздух за кој ќе се одвојат дополнителни 1,5 милиони евра, над редовните со кои располагаат институциите.
  4. Со новите мерки и измени на законот за возила се воведуават еколошки стандарди во сообраќајот. При технички преглед на возилата, ќе се мери количеството и составот на издувните гасови што ги испуштаат возила и врз основа на тој параметар ќе добијат соодветна еколошка налепница која ќе покажува кој автомобил колку придонесува во загадувањето и по потреба ќе биде исклучен од сообраќајот.
  5. Град Скопје го продолжува доделувањето субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци – досега за субвенции за чистење на оџаците се доставени 140 барања од граѓаните.
  6. Од страна на Општина Гази Баба е извршен увид на дивата депонија во Вардариште кадешто се запленети еден тон стари и уништени гуми кои се наоѓале во дворовите кај граѓаните, отпад кој досега бил пален на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина.
  7. Покрај пролетната акција за зазеленување кога беа засадени над 4.000 садници, Град Скопје во наредните денови започнува и есенска акција за садење кадешто ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни дрва во неколку скопски општини.
  8. Со беспилотно летало, Град Скопје ќе ги лоцира изворите на загадување на воздухот со што ќе се зголеми навременоста и ефикасноста во пронаоѓањето извори на загадување.
  9. На депонијата „Дрисла“ обезбеден е и ставен во функција е новиот филтер за апсорбирање на ПМ10 честичките, јаглеродмоноксидот и другите честици што се ослободуваат при согорувањето.
  10. Засилени се капацитетите на надлежните инспекциски служби.
  11. Владата предводена од СДСМ донесе одлука да се одобри кредит од 92 милиони денари за поставување на филтерска постројка за заштита од загадување за фабриката Југохром.
  12. Започната е анализа за намалување на ДДВ на испорачана топлинска енергија што ќе има за цел дополнителен број на домаќинства да се приклучат на топловодната мрежа.
  13. Се субвенционираат трошоците за набавка на печки на пелети за домаќинствата кои се греат со нееколошки печки на дрва, а Владата предводена од СДСМ донесе одлука за зголемување на средствата за субвенции од 14 на 21 милион денари.
  14. Преку кредит од Европската банка за обнова и развој Јавното сообраќајно претпријатие Скопје започна набавка на 40-тина најсовремени еколошки автобуси на природен гас.
  15. Активно се работи на проектот за гасификација во главниот град. За првпат по 20 години формирано е градско претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен дистрибутивен систем во Скопје.
  16. Се менува дотраениот и нееколошки автобуски превоз и во останатите градови. Општина Прилеп веќе набави 4 еколошки автобуси на природен гас кои ќе почнат да сообраќаат во март следната година, а ЕЛЕМ е во фаза на набавка на 4 автобуси за потребите на РЕК Битола и општина Битола.
  17. Во Град Скопје реконструирани и подигнати се нови зелени површини од над 40.000 квадратни метри.
  18. Во наредниот период ќе следува субвенционирање на трошоците за купување хибридни возила и возила на електричен погон, а ќе се субвенционираат и трошоците за поставување на уред на погон на ТНГ во возилата.
  19. 19 Лоцирани и соодветно санкционирани се физички и правни лица загадувачи на воздухот.
  20. Реконструирани се и поставени се енергетско ефикасни фасади на објектите на неколку средни училишта во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.