СДСМ го употребува СЈО за уцена на ДУИ за коалицирање

Излегува на виделина наклонетоста на одредени функционери на ДУИ кон СДСМ и нивната желба по секоја цена Али Ахмети да направи коалиција со Зоран Заев како поразен на изборите од 11 декември, и со тоа да го прекрши Мајскиот договор и правилото да коалицираат победник со победник. Причина за ова се Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева, пишува во понеделникот порталот Курир.мк

„Партиското обвинителство на СДСМ и Зоран Заев со отворање на истраги заплашува(ло) низа функционери на најголемата политичка партија кај Албанците, со цел да влијае на постизборна коалиција и да му овозможи на Зоран Заев како поразен на изборите да формира влада и да стане премиер“, се истакнува во текстот.

 

19366126_10155374701264192_2960329147301809836_n
Претходно седмицава новинарот Цветин Чилиманов на социјалните мрежи објави документи според кои се гледа начинот на функционирање на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, со уцени и закани за кривични гонења од страна на Катица Јанева и нејзините обвинители. На тапет на СЈО биле партискиот портпарол и сега министер за евроинтеграции Бујар Османи, како и десната рака на Али Ахмети, Артан Груби.

19396850_10155375024294192_9164679123378499516_n

Сепак, не се само Османи и Груби заплашувани со уцени и истраги од СЈО, туку и собранискиот спикер Талат Џафери, како и тројката градоначалници Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, кои жестоко се трудеа да успее коалицијата меѓу ДУИ иСДСМ. Од друга страна, СДСМ преку ноќ го промени мислењето за функционерите ДУИ, и од „криминалци“ ги прифати како „реформатори“.

taljati
Од сево ова излегува на површина како СЈО со уцена ја турнала ДУИ во прегратките на СДСМ и на кој начин всушност функционира нивната коалиција, заклучува Курир.мк.

teutka
„Благодарение за заплашувањето со закани за кривични гонења и уцена која сѐ уште трае, СЈО ги скрши ДУИ и Али Ахмети да го погазат принципот победник со победник и победничката партија кај Македонците да ја остават во опозиција, а поразените СДСМ и Заев да формираат влада“, се заклучува во написот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.