СДСМ: Граѓаните ќе го казнат криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво и ќе дадат поддршка на кандидатите на СДСМ

Пресудите и подигнатите обвиненија против неколку градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ докажуваат дека коруптивното, криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски на централно, успешно било пресликано и на локално ниво, велат

„СДСМ, кој е главен фаворит на претстојните локални избори, предлага чесна понуда на кандидати кои се докажани професионалци во своите области, личности кои се со голема поддршка од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните и општините.

Наспроти криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ги препознаа новите вредности и политики на СДСМ што носат економски напредок, отворени институции, едно општество и правда за сите. Затоа на претстојните локални избори, граѓаните ќе го казнат расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ќе дадат поддршка за чесната понуда на СДСМ и идните градоначалници кои ќе работат чесно, одговорно и посветено во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението.