СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се во очај

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се во очај – нема да можат да фалсификуваат уште едни избори. Без изборен инжинеринг, ги очекува пораз на 11-ти декември, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека бројките се фрапантни за сите што сакаат да живеат во нормална држава. Обвинуваат дека вкупно 200.000 гласови и биле на располагање на власта за изборен инжинериг, но оти веќе нема да може да бидат злоупотребени.

Од нив, за 170.000 е констатирано дека се надвор од земјата и се ставени на посебен список, а 30.000 воопшто не постојат. Се потврдија проценките на СДСМ дека гласачкото тело во Македонија е еден и пол милион гласачи. Готово е Груевски! Нема веќе изборни измами! Нема веќе крадење гласови! Наместо да нарачува текстови на кај медиумските послушници и да ја манипулира јавноста со лажни бројки, Груевски може слободно да се посвети на својата одбрана пред судовите за криминалот за кој е осомничен. Груевски ќе одговара за сите прекршувања на законите, вклучително и за изборниот криминал што е правен во изминатите години, велат од СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.