СДСМ и БЕСА како партнери ќе настапат на локалните избори

Премиерот Зоран Заев во објава на својнот фејсубук профил најави дека партнерството со БЕСА ќе продолжи и на претстојните локални избори, споделувајќи фотографии од средба со лидерот на движењетп Билал Касами.

„Со претседателот на БЕСА, Билал Касами, се согласивме дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, за кои согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ“, напиша Заев.

Воедно оценува дека коалицијата СДСМ – БЕСА минатата година поставила нови стандарди во современото политичко дејствување во Македонија.  Денес, како што наведува, оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата