СДСМ и ДУИ настапуваат заедно на локалните избори

Партиите од владината коалиција СДСМ и ДУИ, по кусите меѓусебни пораки упатувани преку медиумите, сепак,  заедно ќе настапат на претстојните локални избори, објави на својата фејсбук страница премиерот Зоран Заев.

„Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори. Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција. Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба. Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг, пишува Заев во својата објава.

Иако Заев изјавуваше дека „големи се шансите“ СДСМ , на пример во Тетово и во други општини битни за Албанците да излезе со свој кандидати за градоначалници, очигледно е дека имајќи го предвид вистинскиот рејтинг на неговите потенцијални кандидати, односно партијата воопшто, не се осмелува да се одважи и да уште есенва да оди на парламентарни избори.

Иако Заев изјавуваше дека „големи се шансите“ СДСМ , на пример во Тетово и во други општини битни за Албанците да излезе со свој кандидати за градоначалници, очигледно е дека имајќи го предвид вистинскиот рејтинг на неговите потенцијални кандидати, односно партијата воопшто, не се осмелува да се одважи и да уште есенва да оди на парламентарни избори.

За ДУИ е прифатлив е секој датум за спроведување на годинешните локални избори за кој ќе се договорат политичките партии, изјави во средата шефот на дипломатијата и член на раководството на оваа партија, Бујар Османи кој зборувајќи за шпекулациите околу можното растурање на владината коалиција рече дека ДУИ не може да ја „напушти сопствената Влада“ и

„Kога политичките партии имаат проблеми со датумите повеќе тоа ми личи дека имаат проблеми со самодовербата за исходот на изборите. Ние во овој случај немаме таков проблем. Така да, било кој датум што ќе го одлучат политичките партии по однос на одржување на изборите за нас е прифатлив. Дали 17-ти, дали 31-ви октомври, за нас се прифатливи датуми“, рече Османи на новинарско прашање во врска со претходните разијдувања меѓу Заев кој напомна одложување на парламентарните избори за крајот на октомври поради пописот на населението, и одговорот од парламентарниот спикер Талат Џафери кој му посочи дека законскиот и уставен рок за спроведуање на изборите е 17-ти октомври.

Запрашан дали ДУИ размислува да ја напушти Владата доколку нема поддршка од партнерскиот СДМС на локалните избори, Османи одговори дека „нема такво нешто“.

„Прво ДУИ не може да ја напушти сопствената Влада, ова е Влада на ДУИ. Така да, мислам дека тоа, таа матрица дека ДУИ е влезена е погрешно. Ова е влада на ДУИ и не може да излезе од сопствената Влада. Нема такви ситуации, разговараме со коалициските партнери во однос на постигнување за можноста за соработка на овие локални избори. Имавме добро искуство на изминатите локални и тоа дава доверба кај двете страни дека е тоа добро и за граѓаните и за политичките партии и за државата“, посочи Османи.