СДСМ и нивните медиуми повторно докажаа дека се господари на лажните вест

Црната кампања на СДСМ во предизборието не стивнува. Денеска повеќе медиуми под контрола на власта, синхронизирано се обидоа во јавноста да наметнат лажна вест дека кандидатот за градоначалник на Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, наводно бил во затвор заради продажба на марихуана.

Но, според потврда за казнена евиденција издадена од Основниот кривичен суд на 1 октомври 2021 година, јасно се гледа дека за Стефковски не се евидентирани правосилни осудителни пресуди.