СДСМ и соросовите медиуми против иницијативата „За заедничка Македонија“ и народот

Соросовите медиуми предводени од Алсат во саботата вечерта објавувааа дека наводно Министерството за внатрешни работи побарало од Основното јавно обвинителство гонење на организаторите на мирните и најмасовните протести на „За заедничка Македонија“ кои траат 61 ден кои се најсилниот бедем на државата,како и дека наводно бил побаран нивен притвор.

Потврдено е дека се работи за лажна вест, какви што досега имало многу од овие медиуми, пишува Курир.

Се додава дека на овој начи се открива намерата на СДСМ и медиумите финансирани од организациите на Сорос фоднацијта за „сузбивање и удирање врз најавтентичното граѓанско движење во историјата“ на Македонија кое ги спроведе најмасовните протести на кои дневно на улиците ширум Македонија излегуваа 200.000 граѓани.

Токму тие станаа најсилниот бедем кој се спротивставува на Тиранската платформа договорена од албанскиот премиер Еди Рама и одобрена од лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој уште не дојден на власт започнува со егзекуција на народното движење, залучува Курир.

Во меѓу време широка и жешка дебата се поведе социјалните мрежи се зовриени од коментари, граѓаните велат дека тоа однесување на СДСМ ќе ја „прелие чашата“. Велат народот нема со скрстени раце да набљудува како се удира во нејзините темели и се злоупотребува народот прикажувајќи го како криминален и насилен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.