СДСМ и Љупчо Николовски ги множат штипјани со нула, не ги интересира здравјето на граѓаните

СДСМ и Љупчо Николовски ги множат штипјани со нула и воопшто не ги интересира здравјето на граѓаните, велат во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие се опасност за здравјето на граѓаните во Штип. Да се има избори во Штип значи нови заразени и мртви во Штип од корона. Не постои нешто како сигурни избори и заштитено здравје. Или ќе има избори и многу заразени и мртви или ќе има одложени избори и заштитено здравје.

Тоа што СДСМ е осамена во намерата за избори во Штип значи дека тие сакаат на мала врата по цена на здравјето на штипјани да ја сочуваат фотелјата на Бочварски и Заев. Наместо Николовски да глуми експерт по здравје нека земе да работи за борба против корупцијата која ја има во изобилие. Нема штипјанец кој го одобрува ова мафијашење на СДСМ и играње со здравјето на сите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.