СДСМ: Имаме план и решенија за поголемо производство на струја и справување со кризата

Соопштение од СДСМ: 

Во пресрет на најтешката зима после Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски има план и решенија за поголемо производство на струја, обезбедување доволни количини енергија и грана како и поддршка на граѓаните и стопанството полесно справување со последиците.

Планот за производство на ЕСМ, државната компанија за производство на електрична енергија оваа година го зголемуваме за нови 25 %.

Целта е во најтешкиот период на сите македонски граѓани дома, на сите ученици, студенти, на сите микро, мали и средни бизниси да им обезбедиме најниска можна цена на електрична енергија и да им биде достапна.

За средниот и големиот бизнис, како што беше побарано од стопанските комори, сегашните домашни повластени производители на струја, ќе продолжат да работат за истата пониска тарифа за слободниот пазар, цена која е далеку пониска од берзанските цени.

Во најтешката криза по Втората светска војна, нашата основна цел е државата, граѓаните и бизнисот да се задржат да функционираат и да растат.

Останува субвенционирањето на цената на струјата за граѓаните во висина од дури 80% од вкупната сума.

Државата, Владата, има јасен план за пребродување на оваа зима се до април 2023 година и продолжува посветено да работи во интерес на сите граѓани и стопанството.