СДСМ: Имаме план кој ќе обезбеди стабилен економски раст

Новата влада предводена од СДСМ и од претседателот Зоран Заев има план за иновативна, стабилна, конкурентска економија, која ќе обезбеди стабилен економски раст, зголемување на минималната и на просечната плата, соопштија утринава од партијата.

-Владата ќе продолжи со своите докажани заложби: раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40% и раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%, стои во соопштението.

Од партијата додаваат дека 20.000 денари минимална плата и 34.000 денари просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат се целите на новата влада предводена од СДСМ и Зоран Заев.

-Стапката на невработеност, за време на кризата ќе ја држиме стабилна, а по завршувањето на кризата ќе продолжиме да ја намалуваме за 3% годишно. Конечна цел е едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот, велат од СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.