СДСМ инсистира изборите да се одржат на 21-ви јуни

СДСМ е одговорна партија, ние сакаме компромис и учествуваме на лидерските средби. Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, ние нема да дозволиме штета на државата и граѓаните, одговори на новинарско прашање портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Како што појасни, договор за одржување на предвремените парламентрни избори е можен додека трае вонредната состојба, а натаму стапувал на сила законот кој вели дека изборите треба да се одржат на 21-ви јуни.

„Ние мора да водиме грижа за сите аспекти, грижа за државата, за здравјето на граѓаните и секако да се обезбедат функционални институции. Не смееме да дозволиме да се нанесе штета на државата, штета на граѓаните и никако не смееме да дозволиме земјава да ја воведеме во уставна криза“, рече Кузеска.