СДСМ Издишана

423

Ако по утрото денот се познава, лош му е политичкиот хороскоп на Заев и неговата СДСМ Издишана на 15 јули.

Кампањата за изнасилените од СДСМ парламентарни избори, почна. Добар слоган си смислиле – „Заедно можеме уште повеќе, уште подобро“. Знаеме дека можат тие уште повеќе да ја понижат Македонија. Не им е довршен целосно договорот со Бугарија на пример. Допрва треба да удрат по Македонската Православна Црква, по јазикот МАКЕДОНСКИ, по Гоце Делчев, како што удрија по името МАКЕДОНИЈА, па сеа сите до последен како навиени повторуваат некое име, кое никој нормален во земјава не им го признава, сем нели партиските слепци. Толку добро го договорија тоа со Грција, што Грците немаат апсолутно никаква обврска од договореното и потпишаното. Уствари имаат една. Да си го чуваат во златна папка договорот. А, ние? Дури и на билетите за автобус не смееме да напишеме Република Македонија.

Можат и судството уште повеќе и уште подобро да го деформираат. Сите се извлекоа од случајот „Рекет“. Ги насанкаа на затворски казни само оние двајца несреќници, кои беа употребени како презервативи – Катица и Боки 13, на дебели затворски казни. А, парите нормално никаде ги нема. Додуша Боки спомена нешто каде може да се најдат, ама нели тој тропа глупости сеа, као демек давеник е и се фаќа за сламка. Нема што тука обвинителство нешто да се припотресува за тоа што он кажал. И не може да заборавиме дека судството беше здробено уште по онаа ослободителна пресуда за Заев и фамозната судска одлука дека видео снимката „едно евро за Вицето, едно за црквата“, уствари нема везе. Па, следеа и дузина (по телефон издиктирани) пресуди. Како оние за случувањата во Собрание. Тие (вратарите) што требаше да лежат робија, не лежат, оти гласаа за промена на името. Најнова во серијалот им е онаа за убиеното момче во Ново Лисиче. Ама важно чичето што ја искуба Шеќеринска си доби „заслужено“ четири години робија. И сега Шеќеринска носител им е на пратеничка листа. Ете зошто се СДСМ Издишана. Па, има ли поиздишан политичар во Македонија од Радмила Шеќеринска? Па 20 години е во врвот на СДСМ, и секогаш кога оваа партија ќе дојде на власт, таа по автоматизам си лапа функција, и тоа богами висока, јака, владина. А, корист државава или народов од неа во тие 20 години има нула. Важно таа си има корист. И сега без срам уште па бара луѓе да ја гласаат. Сачувај боже.

Знаеме дека можат уште повеќе и уште подобро да го деформираа на пример и законот за обвинителство. Си лажеа, мртви ладни дека тоа многу било важно за исполнување на условите на Македонија за влез во ЕУ, како што лажеа и за датумот со фотката од авионот. Видовме колку е важно. Толку студен беше тушот од Брисел, што на оној Никола Димитров устата му помодре. И сеа нешто и он носител на листа им е. Па, него чоек неможе да го следи колку брзо менува политички дресови, само за да остане прилепен на државна цицка. А, не дека нешто корисно направил за државава. Корист од неговата последна функција си виде само ќерка му – си лапна стипендија и тоа дебела, од државни пари. Македонија, пак, од него си лапна преименување. И тој сега мртов ладен нешто бара луѓе да го гласаат. Па, се наредил носител и Оливер Спасовски – премиерска марионета, аболицираниот Заев оком, он скоком. Толку се премиерските достигнувања на Спасовски. За министерските па, и да не збориме. Главен беше со службените возила на МВР. Неможеа да ги најдат кај кого се’ се низ МВР. Оние, пак, што ги знаеа кој ги должи, си ги користеа за приватни потреби, за одење по одмори, во Грција на пример.

Па и Љупчо Николовски го истопориле носител, на кого земјоделците постојано му ги истураа своите производи по протести. Па, ќе ловеле албански гласови со коалиција со оној Биљал Касами, што партијата му се растури пред да се оформи.

Можат они уште повеќе и уште подобро да ја ничкосаат земјава. А, кампањата за греота. Уште тапкаат во 2016 година. Сивило и безидејност. А, така ја фокусирале кампањата, зошто немаат со што да се пофалат. Ама Венко Филипче имал голем рејтинг. Мајката. Истиот оној Филипче што ја лажеше цела македонска јавност дека си ја вакцинира внуката, тој има голем рејтинг? Па што не го ставиле носител на листа ако имал голем рејтинг. Го нема воопшто како кандидат за пратеник, е толку му е голем рејтингот. Си знае народов, да не даде господ да треба да тропнеш на врата по нашиве болници. За коронава и да не спомнуваме, лидери сме како земја на сите црни светски листи.

Досегашното нивно владеење едноставно покажа дека не заслужуваат нов мандат. Нема сомнеж. Ниту еден сегмент во општествово не го изменаџираа саглам. Ниту изградија нешто, ниту донесоа некој странска инвестиција. 500 евра плата и чист воздух сонуваме уште од декември, 2016 година. Акцизата на горивата веќе незнам колку пати ја зголемија. Администрацијата ќе ја препраќале во приватни фирми, а не ги прашуваат приватни фирми дали можат или дали сакаат да ја вработат. Какви се’ глупости не видовме со нив.

Убаво не’ опиша меѓународната заедница. Кратко и јасно. Хибриден режим. Е, тоа е Македонија со СДСМ.

И медиумите ги осакатија. Кој не им е по ќеиф и не го командуваат, веднаш врескаат дека објавува лажни вести, а тие сиротите се дувлото на лажни вести, од Заев, преку Димитров и Шеќеринска, до Филипче. Истовремено и континуиран прогон на новинари си тераат. По полициски станици, по обвинителства, по судови. Дури и осудија и новинари и сопственици на медиуми, кои не се по нивни терк и нивна контрола.

Среќа нивна што коронова ги затвори границиве, па стагнира бројот на иселени од Македонија. Ама и коронава неможе да трае вечно.

Абе…, што би рекол Димитров.

Дури и спорт нема во земјава да се порадуваме барем малку. Е, до толку ни е црна работава со овој издишан тим на СДСМ.

И ај гласај ги на 15-ти јули.

Автор: Дејан Николовски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.