20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

СДСМ како опозиција, наместо да понуди план за справување со загадениот воздух, удира по Арсовска

Доколку се погледнат бројките и фактите, може да се заклучи дека во минативе години Шилегов, не направил речиси ништо кога е во прашање загадувањето на воздухот.

Катастрофалните бројки се доказ дека во претходните години за овој горлив проблем кој директно влијае врз животот на луѓето не било преземено ништо.

Сепак, заборавајќи дека токму тие се на власт, СДСМ решија загадениот воздух да го користат за собирање дневно политички поени, напаѓајќи ја градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која на својата функција е помалку од 2 месеци.

СДСМ како да заборавија дека до ноември годинава сите градоначалници во Скопје, како и на самиот град беа нивни кадри. Обидот за собирање на дневно политички поени, отвора и друга дилема. Бројките се и повеќе од загрижувачки, а од владејачката партија се фалат дека поранешниот градоначалник Шилегов минатата година потрошил неверојатно 213 милиони денари за справување со овој проблем, но за жал резултатите ги нема, а Скопје и на толку потрошени пари е еден од најзагадените градови во светот. Па затоа отворено останува прашањето на што градот ги потрошил овие пари.

Чудно е и што СДСМ напаѓа во стил на опозициска партија, иако токму тие ја имаат централната власт во свои раце, а и самата Влада се фалеше со „План за чист водзух“, кој очигледно го немаат исполнето.

Новата градска администрација веќе се пожали за финансиската состојба во која претходниот градоначалник го оставил главниот град, со натрупани долгови од над 50 милиони евра, па сега Град Скопје покрај проектите за подобрување на животот на скопјани, мора да размислува и како да ги отплати долговите направени минативе четири години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.