СДСМ: Ќе има дебата кога Мицкоски ќе излезе со став

Ќе има дебата кога Христијан Мицкоски ќе излезе и ќе го каже својот став, за дебата се потребни ставови, се истакнува во соопштението од петокот на владејачката СДСМ, по прозивките од најголемата партија во парламентот ВМРО-ДПМНЕ дека премиерот Зоран Заев го избегнува соочувањето пред телевизиските камери во врска со претстојниот референдум за промена на името на кое повика опоицискиот челник

 

„Христијан Мицкоски да каже како може да му се помогне за побрзо да го дефинира својот став. Иднината на државата не смее да биде ризикувана заради нискиот рејтинг на Мицкоски. Во политиката и во дебатата, најлошо е да немаш став. Охрабри се Мицкоски, соопшти став за референдумот и ќе има и дебата и иднина и напредок за европска Македонија“, се вели во соопштението на социјалдемократите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.