Иванов апелира на воздржаност и смиреност, ги повика партиските лидери на средба

Ве повикувам да бидете смирени, да бидете присебни и да не подлекнувате на лажни провокации, пов икувам на смирување на тензиите и не насилство, повикувам на разумно и одговорно однесување, повикувам на одговорно однесување на сите надлежни институции кои мора да ги почитуваат уставот и законите на Република Македонија, вели Ѓорге Иванов претседателот на Република Македонија.

„Пратениците се најодговорни за враќањето на состојбата во согласност со уставот, законите и деловникот на Собранието на  Република Македонија кои денес беа прекршени.Секој треба да биде одговорен за своите постапки и свесен за последиците кои произлегуваат од нив. Оваа состојба може да се надмине само преку почитување на правниот поредок на Република Македонија, нема прашање кое не може да се реши преку дијалог“, истакна Иванов во телевизиското обраќање.

Затоа тој ги повикув сите лидери парламентарните партии утре да дојдат во кабинетот на Иванов на лидерска средба за настанатата состојба.

„На лидерската средба да ги разгледаме сите опции и наоѓање излез од ново настанатата средба, лидерите најодговорно се избрани од народот и се најодговорни за изнаоѓање решенија согласно уставот, законите и деловникот на собранието за работа.  Никој друг од надвор нема да ни ги реши проблемите, ако самите ние не си ги решиме“, потенцираше Иванов.