СДСМ ќе застане зад заеднички кандидат за претседател на државата

Оваа одлука треба да биде потврдена по утрешната средба помеѓу лидерите Зоран Заев и Али Ахмети.

Постигната е начелна согласност на лидерско ниво, партиите од Коалицијата предводена од СДСМ да застанат зад заеднички кандидат за претседател на државата, како и заеднички да настапат на престојните претседателски избори, уште во првиот круг, стои во соопштението на СДСМ по вечерашниот состанок.

„Коалицијата предводена од СДСМ, која ја сочинуваат над 20 политички партии, се води искучиво од интересот на граѓаните, интересот на државата и нејзината иднина.

Договорено е да продолжат пошироки консултации во рамки на самите партии, кои се дел од коалицијата, за избор на најсоодветен заеднички кандидат за претседател на државата, во интерес на граѓаните.

Заеднички е оценето дека на Република Северна Македонија и нејзините граѓани им е потребен вистински претседател, партнер на граѓаните, партнер на иднината, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата во процесите кои значат напредок, иднина, економија, членство во НАТО и ЕУ.

Оттука, функцијата Претседател на држвата е од исклучителна важност и со таква одговорност Коалицијата предводена од СДСМ пристапува и во изборот на кандидат за претседател кој ќе работи за граѓаните и ќе ги претстaвува сите граѓани.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на Коалицијата, ќе ги продолжи консултациите со партиите од албанскиот блок во владината коалиција, како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, од власта и опозицијата, околу можностите да се дојде до заеднички кандидат за претседател на државата, кандидат за кој што ќе застанат граѓаните“.

Оваа одлука треба да биде потврдена по утрешната средба помеѓу лидерите Зоран Заев и Али Ахмети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.