Излезе на виделина коалицијата „Сушико“ помеѓу директорот на УБК, Сашо Мијалков и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, велат од СДСМ реагирајќи на денешната прес конференција на Тачи.
„Преку Мендух Тачи, говори Сашо Мијалков. Со ова лидерот на ДПА, Тачи покажа како кога соработува со некоја политичка партија, всушност одработува за службите на ВМРО-ДПМНЕ под раководство на директорот на УБК, Мијалков“, се вели во кратката писмена реакција на опозициската партија .