СДСМ: Ковачевски не е дел од сопствеништвото на Пиксел груп, ВМРО-ДПМНЕ фабрикува лаги

Пратеничката Даниела Марковска од СДСМ негира дека премиерот Димират Ковачевски има удел во „Пиксел груп“, фирма за која опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека е во сопственост на премиерот и дел од шема за залоупотреба.

– Конкретно за оваа компанија „Пиксел гроуп Доо Скопје“, Димитар Ковачевски не е дел дел од сопственичката структура, ниту пак  е сопственик. Уште на ден 28.09.2020 година Димитар Ковачевски во целост го повлече износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa.  Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата која што тогаш ја извршуваше, заменик министер за финансии. Сето ова може да види и во анкетниот лист на премиерот. Очајно е ВМРО-ДПМНЕ, го напаѓа претседателот Ковачевски затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии. Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Дека станува збор за фабрикувана манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови – рече Марковска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.